Грабнувањето на Левкиповите ќерки
Грабнувањето на Левкиповите ќерки — слика од 1618 година на Петер Паул Рубенс и Јан Вилденс. Изложена е во Старата пинакотека во Минхен. ИсторијаСликата била купена во Антверпен во 1716 година од Јохан Вилхелм, електор Палатински. Првично испратенљ во Манхајм, во 1805/06 година стигнала во Минхен. Пределниот стручњак Јан Вилденс го насликал крајоликот. ОписСликата ги прикажува смртникот Кастор и бесмртниот Полукс како ги грабнуваат Феба и Хилера, ќерките на Левкип од Месенија. Кастор, скротувачот на коњи е препознатлив по неговиот оклоп, додека Полукс боксерот е прикажан со гол и слободен горен дел од телото. Тие се одликуваат и по нивните коњи - Касторовиот е добро дресиран и поддржан од путо, додека Полуксовиот се крева на задните нозе. Црното крило на путото ја покажува крајната судбина на близнаците. На сликата, Феба и Хилера немаат својствени посебности. Меѓутоа, од книжевноста за грчките митови, дознаваме дека Феба му родила син, Мнеслеос, на Полукс, а Хилера син, Аногон, на Кастор. Според тоа, од насоките на фиксираните и восхитувачки погледи на близнаците, се чини дека ќерката во долната положба, свртена со грбот кон нас, е Феба, а ќерката во горната положба, со фронтален поглед, е Хилера. Библиографија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia