Грам-негативни бактерии

Грам-негативната бактерија Pseudomonas aeruginosa (виолетово-црвени стапчиња).

Грам-негативни бактерии претставуваат бактерии чиј клеточен ѕид не се обојува со кристал-виолетова боја при боење по Грам. Најчесто кратко се означуваат како Gr (-).

Клеточен ѕид

За разлика од Грам-позитивниот клеточен ѕид, Грам-негативниот клеточен ѕид содржи тенок пептидогликански слој прилепен за цитомембраната, кој е одговорен за неможноста на клеточниот ѕид да ја задржува кристал-виолетовата боја при деколоризација со етанол за време на боењето по Грам. Покрај ова, Грам-негативниот клеточен ѕид содржи надворешна мембрана составена од фосфолипиди и липополисахариди кои се во непосреден контакт со надворешната средина. Високиот полнеж на липополисахаридите дава целокупен негативен полнеж на Грам-негативниот клеточен ѕид. Хемиската структура на надворешната мембрана е често единствена до специфична за бактериските подвидови и е одговорна за многу антигенски својства на овие подвидови.

Поврзано

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya