Гревесмилен
Гревесмилен (германски: Grevesmühlen) — град во округот Северозападен Мекленбург, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставувал административно седиште на округот до административната реформа во 2011 година, кога кон округот се припоил градот Висмар, по што тој станал административно седиште на округот. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Гревесмилен-Ланд, иако не претставува нејзин член. Се наоѓа на 33 километри источно од Либек и 29 километри северозападно од Шверин. Градски единициКон градот Гревесмилен припаѓаат следниве единици: Барендорф, Битлинген, Драј Линден, Еверсторф, Хамберге, Дегтов, Ној Дегтов, Хојкендорф, Квестин, Зантов, Вотениц, Гренцхаузен и Појшов. ИсторијаИмето Гревесмилен потекнува од 1226 година, кога е за првпат споменат, што го прави еден од најстарите градови во Мекленбург-Западна Померанија. Луѓе
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia