Грејт Портланд Стрит (метро-станица)
51°31′26″N 0°08′38″W / 51.5238°N 0.1438°W Грејт Портланд Стрит (англ. Great Portland Street) е лондонска метро-станица близу Риџентс Парк. Се наоѓа помеѓу станиците Бејкер Стрит и Јустон Сквер на линиите Хамерсмит и Сити, Кружна и Метрополска. Припаѓа на Зона 1. Оваа станица била дел од првата подземна железница во светот - Метрополската железница, а сообраќајот се одвивал на потегот помеѓу „Бишопс Роуд“ (Bishop's Road), (денешна станица Падингтон) на линијата Хамерсмит и Сити и „Фарингдон Стрит“ (Farringdon Street), (близу денешната станица Фарингдон). Отворена е на 10 јануари 1863 под името „Портланд Роуд“ (Portland Road), а денешното име го добила на 1 март 1917. Локални знаменитости се Риџентс Парк и Поштенската кула. Мошне близу е станицата Риџентс Парк на линијата Бејкерлу. Спроти станицата се наоѓа Меѓународниот студентски дом, а недалеку од ова е Харли Стрит, позната како улица на докторите и хирурзите. Станицата се наоѓа на пешачко растојание од метро-станиците Риџентс Парк и Ворен Стрит. Автобуски врскиДо станицата одат следниве лондонски автобуски линии: 18, 27, 30, 88, 205, 453, C2, 113, 139, 189, како и ноќната линија N18.
Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia