†Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[1] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[2]
Грозје e плод на растението од родот Vitis (винова лоза) кое често се именува и како едно од 12 основни врсти на винови лози од кои се прави поголемиот дел на светските вина. Порано вината се означувале спрема подррачјето на кое се одгледува грозјето, но подоцна бројот на производителите толку многу пораснал, така што означувањето било сведено спрема сортата на грозјето.
Грозјето е вид на овошје кое расте во кластери од 15 до 300, и може да биде црвено, црно, темносино, жолто, зелено, портокалово и розово. „Белото“ грозје е всушност зелена боја, и еволуционо е изведено од пурпурното грозје. Мутација во двата регулаторни гени на белото грозје исклучуваат продукција на антоцијанин, кој е одговорен за бојата на пурпурното грозје.[3] Антоцијанините и другите пигментни хемикалии од големото семејство на полифеноли во пурпурното грозје се одговорни за различните нијанси на пурпурна боја во црвените вина.[4][5] Зрната на грозјето имаат типични елипсоидни облици, кои потсеќаат на проширен сфероид.
Грозјето како тема во уметноста и во популарната култура
„Песна на лозите во лозјата на Водно“ — песна на македонскиот писател Блаже Конески од 1955 година.[6]
↑Walker, A. R.; Lee, E.; Bogs, J.; McDavid, D. A. J.; Thomas, M. R.; Robinson, S. P. (2007). „White grapes arose through the mutation of two similar and adjacent regulatory genes“. The Plant Journal. 49 (5): 772–785. doi:10.1111/j.1365-313X.2006.02997.x. PMID17316172.
↑Brouillard, R.; Chassaing, S.; Fougerousse, A. (2003). „Why are grape/fresh wine anthocyanins so simple and why is it that red wine color lasts so long?“. Phytochemistry. 64 (7): 1179–1186. doi:10.1016/S0031-9422(03)00518-1. PMID14599515.
↑Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 56.