Гугл Земја
![]() Гугл Земја (Google Earth) e програм кој овозможува 3D виртуелен приказ на Земјината површина исто така и на вселената, a од верзијата 5.0 и на морето. Приказот е создаден од многу различни сателитски слики,кои се накнадно споени во една содржина. Скоро секој дел од Земјината топка може да се зумира и да се откријат и најмалите детали. Со Google Earth можат да се прегледуваат градови како и природни знаменитости (некои со поголема видливост при зумирање, а други со замагленост). Освен „патување“ на определени места на Земјината топка, постојат и други додатни информации. Се цитираат одбрани информации за одделни поими како текстови од Википедија, слики од Панорамио, истражувања од National Geographic, исто така и приказ на патиштата и државните граници, а од најновата верзија достапно е и улично гледање на градовите во некои држави (street view), како и 3D приказ на згради. (само некои згради во светот ја имаат таа опција.) Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia