Гудјон Валур Сигурдсон
Гудјон Валур Сигурдсон (исландски: Guðjón Valur Sigurðsson; р. 8 август 1979 во Рејкјавик) — исландски ракометар, кој моментално настапува за германскиот клуб Кил каде игра лево крило. ЖивотописСигурдсон својата кариера ја започнал на млади години во локалниот клуб Грота он Селтјарнарес. Во 2001 година, со клубот РК Акирејри тој ја освоил титулата во исландското првенство. Потоа, тој својата професионална кариера ја продолжил во Германија, во клубот ТУСЕМ Есен. Во 2005, Сигурдсон со ТУСЕМ Есен успеал да ја освои титулата во ЕХФ Купот, но на крајот на сезоната ги сменил клупските бои и потпишал за Гумерсбах. Во 2006 година, Сигурдсон бил прогласен за исландски спортист на годината. На Светското првенство во 2007, во дресот на Исланд, тој бил најдобар стрелец на првенството со постигнати 66 погодоци. Тој исто така бил играч кој одиграл просечно најмногу минути на првенството. Во просек, Сигурдсон играл по 58 и пол минути по натпревар. Во 2008 година, Сигурдсон потпишал за Рајн-Некар Левен. Во август истата година, со исландската репрезентација, Сигурдсон освоил сребрен медал на ракометниот турнир од Летните олимписки игри во Пекинг. Тој бил втор најдобар стрелец во исландскиот тим со 43 погодоци и бил дел од идеалниот тим на првенството. Во 2010 година, на Европското првенство, Сигурдсон му помогнал на својот репрезентација да ја освои бронзата, постигнувајќи 39 погодоци, со што бил четврти најдобар стрелец на првенството. Една година подоцна, на Светското првенство во 2011 во Шведска, Сигурдсон бил втор најдобар исландски стрелец со вкупно постигнати 47 погодоци. На клупско ниво, по три години игра во Рајн-Некар Левен, во летото 2011, Сигурдсон потпишал за данскиот шампион АГ Копенхаген. Следната година, на Европското првенство во 2012, Сигурдсон повторно бил во одлична форма и бил најдобар стрелец во редовите на исландската репрезентација постигнувајќи 43 погодоци, со што бил шести најдобар стрелец на првенството.[2] Иако Исланд завршил десетти на првенството, неговите одлични игри му го донеле местото во идеалниот тим на првенството .[3] На крајот на сезоната, Сигурдсон преминал во редовите на германскиот шампион, Кил.[4] Сигурдсон е оженет и има две ќерки и еден син. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia