Гундемар![]() Гундемар ― визиготски крал на Хиспанија, Септиманија и Галисија (610–612). ВладеењеГундемар ја продолжил политиката на пријателство со Хлотар II од Неустрија и Теодеберт II од Австразија. За таа цел, тој испраќал големи суми пари за поддршка на нивната кауза против нивниот роднина (братучед и брат, редоследно) Теодорих II од Бургундија. Во други времиња, тој водел непријателска политика против Брунхилда.[1] Според Исидор Севиљски, Гундемар направил една експедиција против Баскијците, а потоа во следната ги опседнал Римјаните. Тој починал од природна смрт во Толедо, веројатно во февруари или март 612 година.[2] „Chronica Regum Visigotthorum“ запишува дека Гундемар владеел една година, десет месеци и 14 дена.[3] Него го наследил Сизебут. Тој бил оженет со Хилдоара. НаследствоГрадовите Гондомар во Португалија и во Галисија се именувани по негово име. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia