ДСУ „Св. Кирил и Методиј“ - Неготино
Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ — средно училиште во Неготино, Општина Неготино[1]. Основање и развојВо рамките на СОУ “Св. Кирил и Методиј”- Неготино постои и двојазична паралелка од I до IV година. Иницијативата за отворање на оваа паралелка ја покрена Иницијативен одбор во состав Коста Ќупов - директор, Трајков Атанас - педагог, Ѓорѓиева Марика - професор по физика и Лазова Радица - професор по француски јазик. По изработениот елаборат, Министерството за образование донесе одлука за започнување на реализација на проектот. Во октомври 1996 г. започна обуката на група професори со подготвителни курсеви по француски јазик од претставниците на француските универзитети. Посебно ги истакнуваме придонесите што ги даде Ана Малиплат-Миладинова во подготвување на професорите и воведување љубов кон францускиот јазик. Јазичното усовршување на професорите продолжува и во наредните години со нивни престои во разни лингвистички институции во Франција. Во учебната 97-98 г. Започнува реализацијата на проектот. Професорите и првите ученици во паралелката (20) се пионери, први во оваа работа, која мораме да ја признаеме дека беше тешка, но со добрите услови и желбата за работа, тешкотиите беа надминати. Електро-техничка СтрукаВо рамките на училишниот центар за средно образование во 1979 за потребите на Фабриката за кабли ,,9 мај” - Неготино започнува со работа електротехничка струка 3 – степен со следните занимања”
Во 1984 година се проширува во 4-ти степен од електротехничар и мернорегулациона техника. 1992 година продолжува со работа електромеханичка струка со нови занимања:
Денес во електротехничките струки постојат занимањата:
Занимањата од 3-ти степен после неколку годишно егзистирање се менуваат зависно од потребите на индустријата и заситување на истата со стручен кадар. Во перидот од 25 години постоење на електротехничка струка се школувале повеќе од 2500 ученици. Прехранбена струкаВо рамките на училишниот центар од 1972/73 г. е запишана првата генерација прехранбени техничари во Средното хемиско техничко-технолошко-прехранбено училиште ,Луи Пастер“.Во 1974 г. како резлутат на интеграцијата на прехранбеното училиште и гимназијата во Неготино запчнаа да функционират две струки: Гимназиска и Прехранбена. Во фокусот на вниманието таа далечна 1972 г. во него се школуваат ученици од многу градови во Републикава: Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Куманово, Валандово,Кочани, Струмица и др. Денес се подготвуваат кадри од следните профили: прехранбен техничар и преработувач на брашно жито и шеќер за потребите на стопанството. Учество на натпревариОсвоени наградиПознати личности кои учеле во ова училиштеПознати личности кои предавале во ова училиштеНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia