Даблинска постројка за претворање на отпад во енергија
Даблинска постројка за претворање на отпад во енергија, познат и како „Инсинератор Пулбег“, — електрана за претворање на отпад во енергија која ја опслужува Поголемата Даблинска област, сместена на полуостровот Пулбег. Фабрикатапроизведува до 60 мегавати електрична енергија, доволно за опслуување на 80.000 домови и за обезбедување централно греење за до 50.000 домови во областа на Даблин. Објектот преработува до 600.000 тони отпад годишно. Пулбег ја примил својата прва испорака на отпад на 24 април 2017 година.[1] Предлогот за изградба на инсинератор на оваа локација предизвикала контроверзии уште од неговото основање во 1997 година, поради загриженост за сообраќајот и штетните емисии, но градежните работи конечно започнале во 2014 година.[2] ИнцидентиНа 8 јуни 2017 година, единаесет лица биле примени во болница по „неконтролирано испуштање“ на вар во зоната за третман на димни гасови во рамките на фабриката. На Кованта, операторот на фабриката, од страна на Управата за здравје и безбедност на Ирска, му било наредено привремено да го прекине процесот на согорување во објектот.[3] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia