Дампинг цени
![]() Дампинг цени во поширока смисла претставуваат ценовна дискриминација помеѓу различни земји, т.е практика на дискриминација на потрошувачите од различни национални економии. Во потесна смисла тоа е продажбата на странски пазар по цени пониски од оние на домашниот пазар или под нормалните (реални) цени. Етимолошки, зборот дампинг доаѓа од англискиот јазик и има значење на „продавање под цената“. Дефинирање на дампинг ценитеМислењата се различни во врска со тоа дали дампингот е нелојална конкуренција, но многу влади преземаат мерки против дампингот со цел да ги заштитат домашните индустрии. Иако правните одредби за дампингот се попрецизни, договорот со Светската трговска организација (СТО) им дозволува на властите да реагираат кога станува збор за „материјална“ повреда на конкурентската домашна индустрија. За да го направи тоа, Владата треба да биде способна да докаже дека дампингот постои, да ја пресмета неговата висина (колку е пониска извозната цена во споредба со цената на производот на домашниот пазар на извозникот) и да докаже дека дампингот предизвикува штета или се заканува дека тоа ќе го направи. Мотиви за примена на дампинг цениМотивите на извозникот за одредување на пониски цени на странскиот во однос на домашниот пазар можат да бидат различни. Во праксата на меѓународните претпријатија се најчести следните мотиви:
Анализа за докажување на постоењето на дампингЗа да се утврди дали сомневањето во остварен дампинг е основано, треба да се изврши анализа на следниве категории:
Видови на дампингПостојат три основни видови на дампинг, и тоа ценовен, валутен и социјален.
Покрај трите основни видови дампинг, тој може да се појави во вид на:
Дампингот во вид на извозни премии настанува тогаш кога премијата за извоз овозможува производот на странските пазари да се продава поевтино отколку на домашниот пазар. Истото може да се постигне доколку се користат транспортни преференции и субвенции во толкав обем што овозможува појава на нелојална конкуренција на странскиот пазар. Индиректниот дампинг се појавува кога земјата — извозник не го произведува сама производот, туку врши реекспорт на истиот. Притоа, на пазарот на земјата што се јавува како конечен увозник на производот, цената на тој производ е пониска отколку во земјата на неговото потекло. Облици во кои се применува дампинготПостојат три облици во кои се применува дампинг, со оглед на должината на времето и зачестеноста во користењето:
Постапка за идентификување на дампингот и примена на антидампиншки меркиКритериуми за спроведување на антидампиншки мерки
Спроведување на постапката за обвинување за дампингКога една индустрија во рамките на европската заедница смета дека увезените дампинг производи од не-ЕУ земјите предизвикуваат материјална штета врз индустријата, може да поднесе барање до Европската Комисија (ЕК), директно или преку владата во својата земја. Барање за спроведување на постапка против странскиот извозник може да поднесат претпријатија, здруженија или физички лица. Андидампиншкиот одбор има рок од 45 дена да го проучи барањето и да одлучи дали ќе покрене постапка. Случајот ќе биде одбиен доколку не постојат доволно докази, или ако барањето не се однесува на барем 25% од вкупното производство во ЕУ на односниот производ. Спротивно, ако одлуката по барањето е позитивна, тогаш одборот најавува отворање на постапка во Службен весник на ЕУ, како би можеле сите, кои се чувствуваат погодени од дампингот да реагираат. За примена на антидампиншките закони против странскиот извозник не е доволно да се спроведе истражна постапка, туку е потребно да се докаже:
Елементи кои укажуваат на појава на дампингВо постапката на испитување се утврдуваат следните елементи:
Примена на анти-дампинг мерки и дополнителна заштитаАнти-дампинг мерки може да се применат ако дампингот штетно влијае врз индустријата во земјата — увозник. Во спротивно, доколку ништо не се преземе, дампингот и дава на земјата -извозник нелојална конкурентска предност која може да биде злоупотребена. Прописите на ЕК во врска со дампингот беа заменети со нова Анти-дампинг регулатива во 1995, а истата беше реформирана и стапи насила на 6 март 1996 година.
Во случај на дампинг, редовната царинска заштита на една земја не е доволна за спречување на нелојалната конкуренција на пазарот во кој влегла стоката со дампинг цени. Затоа се јавува потребата од дополнителна заштита и тоа со:
Регулирање на дампингот во меѓународната регулативаПоголем број земји во светот правно го регулираат дампингот со посебни закони (антидампинг законодавство). Овие закони содржат процедура за утврдување на постоење на дампинг и мерки кои ќе бидат преземени против странскиот извозник. Иако прокламираните цели на антидампиншкиот закон се заштита на домашните претпријатија од агресивните и недостојни ценовни политики на некои странски претпријатија, не се ретки случаите да се користат за ограничување на странската конкуренција и протежирање на домашните производители. Средствата кои најчесто се користат за заштита на домашните претпријатија се царински тарифи и контингенти чија примена ги покачува цените на странските производи, а со тоа им ја намалува конкурентноста на локалниот пазар. Исто така, во некои земји локалната власт ги скратува увозните дозволи за некои производи ако смета дека нивните цени се нереални (прениски или дури и превисоки). Претпријатијата во праксата настојуваат на различни легални, илегални начини да ги избегнат антидампиншките постапки. Постојат низа можности како тоа да се направи. Најмногу користен начин во праксата е диференцирање на производот кој се извезува на странскиот пазар во однос на ист производ на домашниот пазар. Може да се создаде разбирање со дистрибутерот на странскиот пазар да ги кредитира и на тој начин, преку неценовно конкурентско прилагодување да се постигнат резултати како и со намалување на цените. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia