Даниела Колева

Даниела Колева
Пратеничка на Собранието на Република Македонија
На должноста
2020 – 2024
Лични податоци
Роден(а) Даниела Колева
17 мај 1980(1980-05-17)(45 г.)
Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ
Државјанство Македонија
Националност Македонка
Партија СДСМ
Занимање м-р по менаџмент на човечки ресурси

Даниела Колева (р. Кавадарци, 17 мај 1980) — македонска пратеничка во Собранието на Република Македонија од страна на СДСМ во пратеничкиот состав 2020-2024.

Животопис

Даниела Колева е родена на 17 мај 1980 г. во Кавадарци. Таа била македонска пратеничка во Собранието на Република Македонија од страна на СДСМ во пратеничкиот состав 2020-2024.[1] Нејзините дејности како пратеничка можат да се проследат како член на повеќе комисии и тоа: законодавно-правна комисија, комисија за образование, наука и спорт, комисија за еднакви можности на мажите и жените и комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Таа е магистерка по менаџмент на човечки ресурси на Филозофскиот факултет — Скопје.

Колева, во 2025 година била избрана за претседателка на Форумот на жени на СДСМ.[2]

Наводи

  1. „Даниела Колева“. https://www.sobranie.mk/socijaldemokratski-sojuz-na-makedonija-2020-2024.nspx. Надворешна врска во |work= (help)
  2. „Даниела Колева за претседателка на Форумот на жени на СДСМ“. Либертас.мк. Посетено на 26 јануари 2025.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya