Израилците биле дванаесетте сина на праотецотЈаков кои станале родоначалници на племињата. Јаков имал и ќерка, Дина, чии потомци не станале одделно племе.
Синовите на Јаков се родиле во Харан од различни мајки, како што следува:[1]
На потомците Ефрем и Манасија (двајцата синови на Јосиф и неговата жена-Египѓанка Асената)[2] Јаков им го доделил статусот на самостојни племиња поради тоа што Јосиф добил двојно поголем дел откако Рувим го изгубил првородното право поради гревот со Билха.[3]
Според библиското предание, во периодот од освојувањето на Ханан под водство на Исус Навин со создавањето на првото Израилското Царство, племињата направиле лабав сојуз, опишан во книгата Судии. Денешните стручњаци фрлиле сомнеж врз вистинитоста на оваа приказна,[4][5] а образложението врз основа на освојувањата под водство на Исус Навин повеќе не го сметаат за историски исправно.[6][7][8] The Раскажувањето за периодот на Судиите во Библијата се смета за сомнително во научната заедница.[4][9][10] Под прашање е и постоењето на обединетото Израилско Царство.[11][12][13]
Живеејќи во прогонство во VI век пр. н.е., пророкот Езекил добил видение за обновата на Израил,[14] за идна утопија во која дванаесетте пламиња повторно ќе живеат во своите земји.[15]
Распределба на земјата
Земјата Израилска била поделена на дванаесет дела, по еден за секое племе. Но на дело, оваа распределба не била според напишаното. Левиевото племе не добило земја, туку шест прибежишни градови со кои управувале, како и надлежност врз Ерусалимскиот храм. Јосифовото племе не добило земја, но двајцата Јосифови синови, Ефрем and Манасија добиле земја од делот на татка си, па основале свои изведени племиња.
Во видението за Новиот или Небесен Ерусалим, имињата на племињата биле запишани на градските порти:
... тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израилеви: спроти исток – три порти, спроти север – три порти, спроти југ – три порти, спроти запад – три порти.[19]
Во исламот
Во Куранот се вели дека Мојсеевиот народ бил разделен на дванаесет племиња. Во главата „Бедеми“ (Ел-А'раф) стои:
И Ние ги раздробивме во дванаесет племиња и дружини, и на Муса му вдахнавме кога народот негов побара од него да се напие вода: „Удри со стапот твој на карпата!“ И тогаш од неа потекоа дванаесет извори. Секоја дружина го знаеше поилото свое. И Ние од облак врз нив сенки соборувавме и препелици и мани им испраќавме. Јадете од добрата со кои ве снабдевме. И нам зулум не ни направија туку самите себеси зулум си направија![20]