Демографија на Република Конго![]() Според податоци од 2006 година, населението на Република Конго изнесува 3 751 314 луѓе. Старосна структура(2006)
Коефициент на плодност
Етнички составНаселението на Република Конго е сконцентрирано во југозападниот дел од земјата, додека северните делови не се населени. Сепак, Конго е една од најурбанизираните држави во Африка, каде 70% од населението живее во урбани средини како во градовите Бразавил или Поинт Ноар. Поради урбаното население, руралните средини се зависни од актовностите на владата за нивно подобрување. Населението во етничка и лингвистичка смисла е разновидно. Според Етнолог во државата се зборуваат околу 62 јазици[1] но овие јазици можат да бидат групирани во три големи категории. Најголема етничка заедница е народот Конго и скоро сочинуваат половина од населението. Втопра најголема заедница се народот Батаке кои сочинуваат 17% и живеат северно од Бразавил и понатака следуваат Буланги со 12%[2][3] Пред војната во 1997 година околу 9.000 странци живееле во Конго, но денес има мал број останато.[4] Пигмејците сочинуваат околу 5 до 10 % од населението. Религија
ЈазициСлужбен јазик во земјата е францускиот. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia