Дерек Шепард
Дерек Шепард (англиски: Derek Shepherd) е измислен лик од телевизиската серија на ABC, Вовед во анатомија. Ликот го толкува глумецот Патрик Демпси, кој ја доби Наградата избор на народот во 2007 и 2008 за улогата. За улогата на Дерек Шепард, првобитно бил планиран глумецот Роб Лоу, но Патрик Демпси се покажал како најдобра варијанта. ЗаднинаДерек е роден во трудољубива среднокласна фамилија во Њујорк и е единствен син од семејство со пет деца. Неговиот татко умрел кога тој бил доста млад, но тој и неговите сестри решиле да надминат се и покрај се сите пет деца Шепард завршиле медицинско училиште и станале доктори. Познато е дека неговата сестра Ненси специјализирала oбстетиција и гинекологија а другата Кетлин станала психијатар. Најдобриот пријател на Дерек од детството Марк Слоун, кој станал побогат и по нечувствителен, го сметале како втор син на семејството Шепард. Дерек се омажил со неговата девојка од факултет, Адисон Ментгомери и во 1994 двајцата станале стажисти со ментор д-р Ричард Вебер. По многу учење и откако ги поминале стажистките години и резидентските тие станале едни од најдобрите хирурзи во нивното поле. Но поради голема посветеност кон кариерите нивниот брак отуѓил и довело да Адисон спие со Марк. Откако ги нашол Адисон и Марк во кревет тој го прекинал бракот (но не законски) и се преселил во Сиетл, прифаќајки ја понудената работа од неговиот бивши наставник, д-р Ричард Вебер, како глава на неврохирургија во Сиетл Грејс и почнал да живее во приколка во Сиетл. Краток ПрегледПрофесионално, Дерек е еден од најдобрите неврохирурзи во светот. Семејството е многу важно за Дерек. Историја на ликотПрва сезонаВтора сезонаТрета сезонаЧетврта сезонаПетта сезонаИнтересни факти1. Омилен вкус на сладолед − Кафе Сево ова Дерек и го кажува на Мередит во една реченица.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia