Деспина Ванди
Деспина Ванди или Деспина Малеа (грчки: Δέσποινα Μαλέα; родена на 22 јули 1969 година во Тибинген, Германија) е една од најуспешните грчки пејачки во последната декада, според некои сметана за кралица на грчката поп-музика[1]. На своја шестгодишна возраст заминала за Кавала, град од каде потекнуваат нејзините родители. Во Кавала го завршила средното обрзование, по кое започнала да учи психологија и филозофија на Солунскиот универзитет. Таа никогаш не го научила германскиот јазик, за разлика од нејзината фамилија. Во тоа време таа го привлекла вниманието на познатиот грчки пејач Василис Карас. По некое време тој ја поканил да пее во неговиот клуб. Така започнала и нејзината соло кариера. Во 1994 година го издала својат прв албум Gela Mou (Насмевни се). Во 2003 година ја започнала својата интернационална кариера. Нејзините песни Gia (2003), Opa Opa (2004) и Come Along Now (2005) биле високо пласирани на светската музичка сцена, кое за Грција претставувало голем напредок, бидејќи вокалист од таков тип во земјата се немало појавено долги години. ДискографијаСтудиски албуми
Це-де синглови
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia