Детска Евровизија
Детски избор за песна на Евровизија или скратено Детска Евровизија — музичко натпреварување наменето за деца. Се одржува од 2003 година, а натпреварувачите мора да бидат на возраст од 9 до 14 години. Основана е со цел да им се даде можност на младите пејачи пред нивните евентуални настапи на Евровизија. Натпреварувањето е организирано од страна на ЕБУ. Потекло и историјаПотеклото на натпреварувањето датира од 2000 година, кога Данското радио одржало натпревар за избор на песна за данските деца таа година и следната година.[1][2] Идејата била продолжена на Скандинавскиот фестивал во 2002 година, познат под името МГП Нордик, каде учествувале натпреварувачи од Данска, Норвешка и Шведска.[3][4] Тоа го инспирирало ЕБУ да ја земе идејата за Евровизија која вклучува деца и отвориле конкурс за сите радиодифузерски членки на ЕБУ што го прави пан-европски настан. Работниот наслов на програмата бил "Евровизија за децата" (Eurovision Song Contest for Children).[5] Веднаш потоа, Данска побарала да биде домаќин на првото издание поради нивното искуство на организирање свои натпревари и МГП Нордик. По успешното организирање на првиот натпревар, вториот се соочуваал со неколку проблеми со локацијата. Настанот првично требало да биде организиран од страна на британскиот радиодифузер ITV во Манчестер.[6] Меѓутоа подоцна поради финансиски причини, британците се повлекле од организацијата на настанот.[7] Се верува дека за донесената одлука важен бил уште еден фактор, падот на рејтингот на публика. Подоцна, ЕБУ им понудиле на хрватскиот радиодифузер ХРТ, кој победил на натпреварот во 2003, да биде организатор на настанот во Загреб;[8] и покрај тоа што подоцна се покажа дека ХРТ "заборавиле" да резервираат место во кое натпревар би се одржал.[9] Конечно, на пет месеци пред почетокот на настанот, норвешкиот радиодифузер НРК поднесол барање да биде домаќин на натпреварувањето во Лилехамер.[9] Досегашни учесници![]() Учествувале барем еднаш Никогаш не учествувале, иако имале можност тоа да го направат Држави кој учествувале во склоп на некоја друга држава, но не и како суверинитет Држави кој се пријавиле, а подоцна се откажале Досегашни победнициДржави домаќиниНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia