ДефекацијаДефекацијата е завршен чин од варењето на храната кога организмот ги исфрла во надворешната средина отпадните производи од варењето т.е. изметот[1]. Поимот дефекација доаѓа од грчкиот збор feces што значи измет и de што значи да се отстрани. ![]() Кога ректумот е полн, доаѓа до зголемување на внатрешноректалниот притисок кој ги шири ѕидовите на аналниот канал, овозможувајќи им на отпадните материи да влезат во каналот. Со притисокот правото црево се извиткува и со т.н. перисталтичен бран ги турка овие материи надвор од правото црево. Мускулите на внатрешниот и надворешниот сфинктер го отвораат анусот и овозможуваат отпадните материи (фецесот) да бидат исфрлени надвор. Во нормални услови дефекацијата се одвива врз принцип на два механизма:
Зачестеноста на дефекацијата кај луѓето изнесува од 3 пати на ден до 3 пати седмично. ПоврзаноАпсорпција во дебелото црево и создавање на фецес Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia