Диелектрична спроводливост![]() ![]() Диелектрична спроводливост, пермитивност (од латински: permittere: допушта), диелектрична пермитивност или диелектричност со ознака ε (епсилон) - физичка величина која го опишува влијанието на диелектрикот на меѓусебното делување на електричните полнежи. Ако електричните полнежи се точкести и растојанието меѓу нив е постојано, електричната сила меѓу нив е обратнопропорционална на диелектричната спроводливост (Кулонов закон). Може да се дефинира како константа на односот: каде:
Мерна единица за диелекрична спроводливост е фарад на метар (F/m). Диелектричната спроводливост може да се прикаже и како: каде:
Кулонов законКулоновиот закон е еден од основните закони на електростатиката кој го утврдил Шарл-Огистен де Кулон во 1785 година: "Електричната сила F меѓу два точкести електрични полнежи (одбивна или привлечна, зависно од тоа дали телата се со еднакви или спротивни електрични полнежи) е пропорционална на количините на електричен полнеж q, а обратнопропорционална на квадратот на растојанието r меѓу двете тела. " (напомена: важи само во вакуум) каде:
каде:
ДиелектрикДиелектрик или изолатор е материјал или медиум кој не ја спроведува електричната струја, т.е. вакуум или материјал кој содржи занемарлив број на слободни електрони и јони кои можат да се движат под влијание на надворешно електрично поле, односно секој материјал чија електрична отпорност е поголема од 108 Ωm. Електричната отпорност на килибарот е поголема од 1016 Ωm, на парафинот, сумпорот и стаклото е поголема од 1014 Ωm. Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia