Дилба Ефтимова

Дилба Негриева Ефтимова (27 мај 1927 во Требиште — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Од средината на 1943 година учествувала во НОД. Собирала храна, облека и други работи, за потребите на илегалците кои биле сместени во селата Битуше и Требиште. Била приклучена кон една воспитна група преку која работела на омасовувањето на младинската и женската организација во селата Битуше и Требиште. Од партиската организација честопати била користена за пренесување на печатени материјали од партизанската печатница „Гоце Делчев“ во селото Битуше до Гостивар и обратно. Во jyни 1944 година стапила во Првата македонско-косовска ударна бригада, II баталјон. Во октомври 1944 година била повлечена на работа во Командата на гарнизонот во селото Ростуше, каде останала до крајот на 1945 година.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1061.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya