Диме Коцевски (р. 31 декември 1976 во Кавадарци) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер.[1]
Животопис
Завршил основно образование во своето родно место, а гимназиско образование во Кавадарци. Својата актерска кариера ја започнал уште во 1988 година на 11 годишна возраст, како актер во претставата „Две ведра вода” во театарот во Ваташа. Во својата актерска кариера реализирал повеќе од 30 улоги, од кои неколку главни.[1]
Во поново време се занимава и со режија и до сега режирал 6 театарски претстави. Значајно е да се истакне дека Коцевски има два меѓународни сертификати од областа на театарот на имnровизацијата и clapstik театарот.[1]
Филмографија
Коцевски ги остварил филмските улоги:[2]
Театарски претстави
- Госпоѓа Министерка, р. Душко Наумовски
- Дупло дно, р. Александар Малинков
- Седумка, љубов или смрт, р. Александар Малинков
- Хамлет, р. Александар Малинков
- Бегалка, р. Александар Малинков
- Сомнително лице, р. Диме Коцевски
- Женидба, р. Драган Велјановски
- Лазо, р. Диме Коцевски
- Ленче Кумановче, р. Александар Малинков
- Викенд на мртовци, р. Милица Гочевска
- Од кол на кол, р. Диме Коцевски
- Стујардеси, р. Диме Коцевски
- Професионалец
- Пасивно пушење, р. Јордан Витанов
- Кец на десетка,
- Не се клади на енглези, р. Диме Коцевски
- Тетовирани души, р. Александар Малинков
- Не сега драга, р. Диме Боцев
- Како да (НЕ) снимиш мрсен филм, р. Диме Коцевски
- Кавадаречки пастуви, р. Диме Коцевски
Награди
Добитник е на значајни награди и признанија, меѓу кои:
- Наградата за најуспешен млад актер (Највисоко општинско признание 7 Септември)[1]
- Награда за најдобра главна улога во претставата „Хамлет од Долна Бошава” на фестивалот во Кочани.[1]
- Награда за најдобар актер за улогата на ликот Атанас во претставата „Пасивно пушење“ на 11. фестивал „Репасаж“ во Уб, Србија (2018).[3]
- Награда на фестивалот „ДАФ“ во Кочани, за најдобра режија за претставата „Не се клади на Енглези“ (2021)
Наводи