Димитар Смилески
Димитар Смилески — македонски публицист. ==Димитар Смилески е роден во 1948 година во село Оздолени, општина Дебрца. Завршил Природно-математички факултет - група Географија, при што се здобил со звање дипломиран географ. Скоро целиот работен век го поминал како новинар, а потоа како главен уредник и директор на Радио Охрид, а бил главен уредник и на охридскиот весник „Езерски Глас“ и на списанието „Далги“.Работел и како директор на Архивот во Охрид, од каде што се пензионирал.Како новинар има подготвено над стотина радио-репортажи и десетина документарни телевизиски емисии за селски населби во Охридско.Во 2001 година магистрирал на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, при што се здобил со звање - магистер по туристички науки.Со свои научни трудови од областа на географијата, етнологијата, историјата и туризмот учествувал на разни научни собири во Македонија. Во фокусот на неговиот научен интерес се селските населби во Југозападна Македонија и досега има издадено над дваесет монографии за села во Охридскиот крај. Библиографија[1]
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia