Димитриос Калапотакис
Димитриос Калапотакис или Димитрис Калапотакис (грчки: Δημήτριος Καλαποθάκης) е грчки новинар, основач на Елиномакедонскиот комитет и еден од главните идеолози на грчката вооружена пропаганда. ЖивотописТој е роден во 1862 година во Ареополи (Цимова), главниот центар на пелопонеската област Мани. Во 1885 година во Волос го основал весникот Симеа (Знаме), а следната година весникот почнал да се печати и издава во Атина. Од 1896 година започнал да го издава весникот Емброс (Напред), еден од најтиражните грчки весници. Калапотакис е секретар на истакнатиот грчки политичар и премиер Харилаос Трикупис.[1]. Во 1904 година Калапотакис го формирал Елиномакедонскиот комитет во Атина и започнал со организирање на грчката вооружена пропаганда во Македонија [2]. Тој ги создал Обшите укази за македонските чети од Високиот совет на Македонскиот комитет, а во нив била определена борбата на андартите главно како антибугарска [белешка 1]. Елиномакедонскиот комитет го поддржувал андартското движење со собирање на доброволци од Крит и Мани, како и со пратки на оружје од внатрешноста на Грција. Белешки
ИзвориНадворешни врскиОбщи указания за македонските чети от Висшия съвет на Македонския комитет Архивирано на 5 март 2016 г. - от http://forum.skycode.com/ Архивирано на 17 јануари 2011 г. |
Portal di Ensiklopedia Dunia