Динамика на растителностаДинамика на растителноста (или синдинамика) — процес на постепена претворба на растителните заедници под дејство на надворешни и внатрешни фактори. Динамиката на растителноста е резултат од сезонските промени на структурата и составот на фитоценозите и нивните флуктуациски колебања во текот на годината. Претстави за суштината на процесот синдинамикаВо различните претстави за динамиката на растителноста се јавуваат разлики во восприемањето на самиот растителен покривач. Истражувачите кои го сметаат растителниот покривач како севкупност која е составена од помалку или повеќе реално постоечки, историски создадени фитоценози со детерминирана структура (односно ја сметаат фитоценозата за аналог на организмот), го претставувале процесот на синдинамиката како силно детерминиран процес со смена на различни етапи, кои соодветствуваат на определени групи од видови. Оние, пак, кои го сметаат растителниот покривач како еден континуум, притоа не прифаќајќи го постоењето на фитоценозите, го сметале процесот на динамика на растителноста како стохастички процес на постојана (константна) промена на видови, при кој етапите на динамиката се појавуваат условно и постепено преминуваат една во друга. Првото мислење доминирало во XIX и почетокот на XX век, а негови најзвучни застапувачи биле Фредерик Едвард Клементс и Владимир Николаевич Сукачев. Второто мислење широко се распространило во втората половина на XX век и е поврзано со имињата Леонтиј Григоревич Раменскиј и Роберт Витакер. Оваа теза со текот на времето практично ја потиснала организмичната претстава за фитоценозите. Видови на синдинамикаСе разликуваат три основни видови на динамика на фитоценозите — нарушувања, сукцесии и еволуција. Нарушувања на фитоценозитеНарушувања на фитоценозите настануваат при дејството на екстремните фактори (пожари, преселби, излевање на нафта, сеча), кои за кратко време делумно или целосно ги уништуваат фитоценозите. На местото на нарушената фитоценоза потоа се развива (вторична) сукцесија. Сукцесија на фитоценозитеСукцесијата е еднонасочна промена на растителната заедница која настанува од внатрешни или надворешни причини и завршува со климакс на фитоценозата. Сукцесијата не доведува до образување на нова фитоценоза, а се јавува со повторувања уште во најрано постоечките фитоценози. Постојат неколку типови на сукцесија на растителноста:
Сукцесиите се разликуваат по:
Еволуција на фитоценозитеЕволуцијата на растителноста е долготраен процес на промена на заедниците кој води до возникнување на нови фитоценози кои порано не постоеле на даден простор. Поддржувачите на дискретниот карактер на природата на фитоценозите сметаат дека заедниците еволуираат како целина, при што доаѓа до коадаптација на растенијата и зголемување на стабилноста на заедницата, односно доаѓа до "природна селекција на заедницата", аналогно на природната селекција кај организмите. Поддржувачите на растителниот континуум ја одрекуваат сличноста на природната селекција кај заедниците со онаа кај организмите. Тие сметаат дека видовите во заедницата еволуираат независно еден од друг. |
Portal di Ensiklopedia Dunia