Дијабетична нефропатија
Дијабетична нефропатија (ДН) - хронична бубрежна болест која се појавува како компликација на дијабетесот. Знаци и симптомиСимптомите се јавуваат 5 до 10 години по појавата на болеста.[1] Вообичаен прв симптом е често мокрење во текот на ноќта: ноктурија. Други симптоми се замор, главоболка, малаксаност, гадење, повраќање, често мокрење во текот на денот, губиток на апетит, чешање на кожата и оток на нозете.[1] ДН била препознаена како компликација на дијабетесот во 1950-тите. Притоа, околу 30% од болните од дијабетес тип 2 ја добиваат оваа компликација во период од 20 години. Средната возраст на пациентите со дијабетес тип 2 кои достигаат краен стадиум на бубрежна болест изнесува 60 години. Истовремено, овие пациенти имаат зголемен ризик од појава на коронарна и периферна васкуларна болест и зголемен ризик од смрт предизвикана од кардиоваскуларна болест. Исто така, ДН е најзначајната компликација во поглед на морбидитетот и морталитетот на пациентите со дијабетес. ДН подеднакво се јавува и кај жените и кај мажите.[4]
Причини за појава на болестаТочната причина за појава на ДН е непозната, бидејќи сите дијабетичари не заболуваат од оваа болест, а тоа сугерира дека се во игра бројни различни фактори. Последните истражувања ја нагласуваат улогата на вродениoт имунитет, а семејните и генетските фактори, исто така, играат улога. Имено, членовите на семејствата во кои веќе има заболени од ДН имаат поголема веројатност да заболат од оваа болест во споредба со дијабетичарите од семејствата во кои нема заболени од ДН. Исто така, хипертензијата, заедно со метаболистичките абнормалности (дислипидемија, хипергликемија) го забрзува бубрежното оштетување, т.е. степенот и тежината на ДН се поврзани со крвниот притисок.[5] Симптоми и дијагностикаСимптоми за ДН кај лицата кои имаат дијабетес мелитус се една од следниве одлики:[4]
Кога се дијагностицира ДН, пациентите често веќе имаат микроалбуминурија поради задоцнетата дијагноза. Ако тогаш не се изврши итна интервенција, околу 30% од нив напредуваат во јасна нефропатија, а во рок од 20 години стигнуваат до крајниот стадиум на бубрежна болест.[4]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia