Добрило НенадиќДобрило Ненадиќ (српски: Добрило Ненадић; Вигоште, 23 октомври 1940 — Вигоште, 15 август 2019) — српски писател. ЖивотописНенадиќ е роден на 23 октомври 1940 година, во местото Вигоште крај Ариље. Диломирал агрономија на Земјоделскиот факултет во Земун. Живеел и работел како агроном во Ариље.[1] Починал на 15 август 2019 година во родното место. ТворештвоПрвиот свој роман, „Доротеј“ го објавил во 1977 година, како заедничко издание на „Рад“, „Народна књига“ и БИГЗ“. Покрај признанието од книжевната критика, романот ја освоил и пошироката публика, освојувајќи ја наградата за најчитаната книга во 1978 година во библиотеките на СР Србија. Во 1981 година, врз основа на овој роман е снимен истоимениот филм. Потоа, Ненадиќ го објавил романот „Дожд“ (Народна књига, 1979) кој претставува прв дел од започнатата трилогија, по што следувал романот „Врева“ (Народна књига, 1981).[1] Библиографија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia