Договор од Карловци
Договорот од Карловци бил склучен по крајот на Големата турска војна помеѓу Светата лига во чиј состав влегувале: Полско-литванската Државна Заедница, Хабсбуршката монархија, Венецијанската Република и Царство Русија од една страна и Отоманското Царство од друга страна. Договорот бил потпишан на 26 јануари 1699 година. ![]() Според договорот, Полско-литванската Државна Заедница ги добила земјите од десната страна на Украина заедно со Подолија и Каменец. Молдавија била вратена на Османлиите, а во составот останал и Банат. Најголеми придобивки имала Хабсбуршката монархија бидејќи ги добила Централна Унгарија, Трансилванија, областа меѓу реката Тиса и Дунав и голем дел од Славонија. Венеција пак ја добила Мореја, шест тврдини во Далмација и неколку острови во Грција.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia