Доживувањата на капетанот Хатерас
Доживувањата на капетанот Хатерас (француски: Voyages et aventures du capitaine Hatteras) е авантуристички роман од Жил Верн во два дела: Англичаните на Северниот Пол (француски: Les Anglais au pôle nord) и Пустината од мразот (француски: Le Désert de glace).[1]. Романот бил објавен за прв пат во 1864. Дефинитивната верзија од 1866 година била вклучена во серијата "[[[Voyages extraordinaires]]" '("Вонредни патувања"). Иако била прва книга од серијата, таа беше означена како број два. Три книги на Верн од 1863-65 година ( Пет недели во балон , Патување во центарот на Земјата и Од Земјата до Месечината ) беа додадени во серијата ретроактивно. Капетанот Хатерас покажува многу сличности со англискиот поморски истражувач сер Џон Френклин[2]. Стил„Авантурата на капетанот Хатерас“ е возбудлив и разновиден авантуристички роман. Вклучените ликови се исклучиво мажи; жените не се појавуваат. Романот не содржи никакви утописки елементи. Читателот е упатен во текот на настаните за историјата на истражувањето на регионот на Северниот Пол до 1860 година. Оваа улога ја презема доктор Клавони, кој како доктор не само што е добро упатен во областа на медицината, туку и проучува многу области од природните науки од своето време. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia