Долна Орjaховица
Долна Орјаховица (бугарски: Долна Оряховица) е град во Северна Бугарија. Се наоѓа во општината Горна Орјаховица, во Великотрновската Област. Има население од околу 2.696 жители (2022).[1] ГеографијаДолна Орјаховица се наоѓа на левиот брег на реката Јантра во непосредна близина на градовите Горна Орјаховица, Љасковец и Велико Трново. ИсторијаДолна Орјаховица е наследник на стара населба, која е позната по плодното земјиште и зеленчуковите градини. За прв пат се споменува во османлиски ферман од 1538 година. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, двајца од Долна Орјаховица доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.[2] Во поново време, многу жители на Долна Орјаховица почнале да се иселуваат во Горна Орјаховица и Велико Трново. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia