Долорес Мери Ејлин О'Риордан (англиски: Dolores Mary Eileen O'Riordan, родена на 6 октомври1971 - починала на 15 јануари2018[3]) — ирска пејачка, текстописец и музичар, најпозната како вокалист на рок групата The Cranberries, чиј член била во периодот од 1990 до 2003 година, и повторно од 2009 до нејзината смрт[4].
Во мај 2007 година го издала својот прв соло албум „Are You Listening?“ , по кое следувал и вториот во „No Baggage“ во 2009 година. О'Риордан била позната по нејзиниот глас на мецосопран[5], нејзината нагласена употреба на јодлање и нејзиниот силен лимерички акцент[6] . Во април 2014 година О'Риордан се приклучила и започнала да снима нови материјали со групата D.A.R.K..
Рани години
Долорес О'Риордан е родена на 6 септември1971 година во Балибрикен, округ Лимерик, како најмала од девет деца, од кои двајца починале во детството[7]. Нејзините шест браќа и сестри се Теренс, Брендан, Донал, ПЈ, Јосиф и Ангела[8]. Нејзиниот татко, Теренс Патрик „Тери“ О'Риордан (1937-2011)[8], бил работник на фарма сè додека не доживеал сообраќајна несреќа и оштетување на мозокот во 1968 година[9]. Нејзината мајка, Ејлин работела во училиште[7][10].
Во 2013 година, О'Риордан изјавила како кога имала само осум години, била сексуално злоупотребувана четири години од страна на некој на кој му верувала[11].
О’Риордан била препознатлива како икона со свој стил, посебно во 1990-тите со нејзината кратка коса и по тоа што настапувала со боси нози, изјавувајќи дека на тој начин се чувствувала поудобно[14].
Во јануари 2009 година, Универзитетското филозофско друштво од Даблин ги поканил на Cranberries да се соберат за концерт поради назначувањето на О'Риордан како почесен член на друштвото, што ги натерало на членовите на бендот да размислат за повторно обединување и снимање на нови материјали[15][16][17].
На 25 август2009 година, промовирајќи го својот соло албум No Baggage во Њујорк, О'Риордан го најавила повторното обединување на The Cranberries за светска турнеја. Турнејата започнала во Северна Америка во средината на ноември, по кое следувале Јужна Америка во средината на јануари 2010 година и во Европа во март 2010 година[18]. Бендот свирел и песни од соло албумите на О'Риордан, многу од класиците на групата, како и нови песни. На 9 јуни2010 година, Cranberries настапиле на церемонијата за отворање на Специјалната Олимпијада во Лимерик. Тоа било првпат бендот да настапи во својот роден град за повеќе од 15 години[19].
На 26 мај2016 година, бендот објавил дека планира да започне турнеја низ Европа. Првото шоу се случило на 3 јуни[20].
Соло кариера
О’Риордан на промоција на нејзиниот соло албум Are You Listening? во 2007 година
О'Риордан во Париз во мај 2010 година
Во 2004 година, таа се појавила на песна на италијанскиот уметник Ѕукеро на албумот Zu & Co., со песната „Pure Love“. На албумот има и други пејачи како Стинг, Шерил Кроу, Лучано Павароти, Мајлс Дејвис, Џон Ли Хукер, Мејси Греј и Ерик Клептон. Истата година таа работела со композиторот Анџело Бадаламенти од Twin Peaks , на саундтракот од филмот Evilenko, обезбедувајќи ги вокалите на неколку песни, меѓу кои и „Angels Go to Heaven“[21][22].
Во 2005 година, таа се појавила на албумот на Jam & Spoon, Tripomatic Fairytales 3003[23].
Нејзиниот прв сингл станала песната Ordinary Day, додека албумот Are You Listening? бил објавен во Ирска на 4 мај2007 година, во Европа на 7 мај и во Северна Америка на 15 мај. Ordinary Day бил нејзиниот прв сингл, објавен кон крајот на април. Видеото за Ordinary Day било снимено во Прага. Во август песната „When We Were Young“ била издадена како втор сингл од албумот[24][25].
Во 2006 година, О'Риордан била ставена на листата меѓу 10-те најбогати жени во Ирска[26].
На 19 ноември2007 година, поради болест, го откажала остатокот од нејзината европска турнеја (Лил, Париз, Луксембург, Варшава и Прага)[27]. Во декември таа настапила во неколку мали американски клубови, во градовите Де Мојн, Нешвил итн.[28] Нејзиниот втор албум, No Baggage, со 11 песни, бил издаден во август 2009 година[29].
Во 2008 година О'Риордан ја освоила наградата ЕББА.
Личен живот
На 18 јули1994 година, О'Риорден се омажила со Дон Бартон, поранешен менаџер на Дуран Дуран. Од бракот се родиле три деца (Тејлор (1997), Моли (2001) и Дакота (2005)[30]. Во 1998 година, двојката купила фабрика за 61 хектар (150 акри), наречена Риверсфилд Студ, која се наоѓа во Килмалок, продавајќи го во 2004 година. Потоа се преселиле во Хаут, а летата ги поминувале во Онтарио, Канада[31][32]. Во 2009 година, семејството се преселило на Бакхорн[33] .
Во август 2013 година, таа се вратила да живее во Ирска. Таа и Бартон ја завршиле својата врска кон крајот на 2014 година по 20 години брак[34]. Подоцна се развеле[35].
О'Риордан била голем римокатолик. Нејзината мајка како католик го избрала името на нејзината ќерка[36] .
Таа му се восхитувала на папа Јован Павле II[37], со кој се сретнала двапати, во 2001 и 2002 година[38] She performed at the invitation of Pope Francis in 2013 at the Vatican's annual Christmas concert.[39].
Во септември 1995 година, таа ја изведувела Аве Марија заедно со Лучано Павароти. Принцезата Дијана, која присуствувала на изведбата во живо, и рекла на О'Риордан дека песната ја довела до плачење[40].
Во ноември 2014 година, О'Риордан била уапсена и обвинета во авионот на Ер Лингус кој патувал од Њујорк до Шенон. За време на летот таа вербално и физички го навредувала екипажот. Кога полицијата ја уапсила, таа се спротивставила. Подоцна таа на медиумите им рекла дека била под голем стрес по завршувањето на нејзиниот 20-годишен брак[41]. Судијата што го сослушал нејзиниот случај се согласил да ги повлече сите обвиненија доколку таа се извини во писмена форма и плати 6.000 евра за судот[42].
Во мај 2017 година, таа јавно кажувала за нејзиното биполарно растројство, за кое таа рекла дека и било дијагностицирано две години порано[43]. Истиот месец бил откажен вториот дел од европската турнеја на Cranberries, за која како причина ги навела проблемите со грбот. На крајот од 2017 година, О'Риордан изјавила дека се опоравува[44][45].
Смрт
Гробот на О’Риордан
Гробот на О’Риордан и нејзиниот татко
На 15 јануари2018 година, на возраст од 46 години, додека била во Лондон за снимање, Долорес О’Риордан неочекувано починала во хотелот Лондон Хилтон[46][47].
Причината за смртта не била веднаш објавена[48], а полицијата соопштила дека смртта не е третирана како сомнителна[49] и дека резултатите од истрагата нема да бидат објавени до април, најрано[50].
Истрагата од 6 септември[51] докажала дека таа починала како резултат на случајно давење во када бидејќи имала конзумирано алкохол. Празни шишиња биле пронајдени во собата на Долорес (пет минијатурни шишиња и шампањско шише), како и некои лекови, но токсиколошките тестови покажале дека нејзиното тело содржи само „терапевтски“ количини од овие лекови, но 330 mg алкохол на 100 ml крв со содржина на алкохол во крвта од 0,33%[52].
Ковчегот со нејзиното тело биле изложени во јавноста во нејзиниот роден град, од 20 до 22 јануари во црквата Свети Јосиф, каде што се свиреле песни на О'Риордан, додека фотографии на изведувачот и една од неа со папата биле поставени по должината на ѕидовите[53][54][55].
На 23 јануари, таа била погребана и нејзиниот ковчег бил спуштен со песната на Cranberries „When You Gone“. Меѓу учесниците на нејзиниот погреб биле нејзината мајка, нејзините три деца и нивниот татко, нејзината сестра и браќа, членовите на бендот, поранешниот играч на рагби Ронан О'Гара[56], и нејзиното момче Оле Корецки[57]. Таа била погребана заедно со нејзиниот татко во истиот гроб[58].
Девет дена по откривањето на причината за смртта на О'Риордан, членот на бендот Ноел Хоган потврдил дека Cranberries повеќе нема да продолжат како бенд и ќе го објават својот последен албум во 2019 година[60]. Тој изјавил: „Ние не сакаме да продолжиме без Долорес, па затоа ќе прекинеме после ова“[61].
↑„Dolores O'Riordan – 'I went nuts. I was so lonely all that time'“. The Independent. London, UK. 12 June 2009. She is also on the brink of releasing her second solo album in August, No Baggage, which still bears her inimitably lyrical, Limerick-accented voice, but with softer and brighter lilts than with The Cranberries.
↑O'Riordan, Dolores. Interview with Michael Small. wild cranberries. October 1994. "It just feels comfortable and honest to pull your toes along the ground."