Доналд Сатерленд
Доналд Сатерленд (англиски: Donald Sutherland; Сент Џон, 17 јули 1935 — Мајами, 20 јуни 2024) — канадски глумец. Сатерленд станал познат со толкувањето на улогите на нетипични војници во филмовите како што се „Дванаесетмината жигосани“, „МЕШ“, „Келиевите јунаци“. Доналд Сатерленд е татко и на Кифер Сатерленд, исто така глумец. Детство и младостДоналд Сатерленд е роден во Сент Џон, Канада во семејството на Фредерик Мекли Сатерленд и Дороти Изабел. Сатерленд има делумно шкотско, германско и англиско потекло. Детството го поминал во Нова Шкотска. На 14-годишна возраст се вработил во месна радиостаница каде што работел како дописник. Подоцна се запишал на колеџот Викторија на Универзитетот во Торонто каде што дипломирал како инженер по техника и глумец. Подоцна, Сатерленд се одлучил само за глума и се запишал на Лондонската академија за драма и музика во 1957 година. Почеток на кариератаПо завршувањето на академијата во Лондон, Доналд започнал да глуми во британски филмови на ужасите. Откако се појавил во серијата „Пат за бегство (Escape Route)“, продуцентите на кои им се допаднала неговата изведба во серијата, му понудиле улога во филмот што ќе го прослави „Дванаесетмината жигосани“. По снимањето на „Дванаесетмината жигосани“, Сатерленд се преселил од Лондон во Холивуд. Филмографија
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia