Доне ПановскиДоне Пановски ― македонски критичар, есеист, книжевен историчар.[1] ЖивотописПановские е роден на 5 ноември 1935 година во селото Буф, Леринско, Егејска Македонија. Починал на 7 јануари 1997 година во Битола. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Тој е еден од покренувачите на списанието „Развиток“ и издавачката дејност во Битола. Работел како новинар во весникот „Битолски весник“ од неговото основање. Член на ДПМ од 1975 година. Автор е на книгите: Вреднувања (критики, 1967), Импресии (критики, 1970), Литературни портрети (огледи, 1975), Литературни записи (критики, 1981), Писателите на Илинден (книжевни огледи, 1983), Рајко Жинзифов (огледи, 1983), Допири и доближувања (критики, 1990), Одгласи (студии, 1992), Учебникари и просветители (книжевни огледи, 1992), Литературни студии (1996), Буф и буфчани (монографија, 1998), Прозното творештво на Борис Вишински (студија, 1999). Автор е на поетските панорамски избори со опширни предговори: Илинденски одгласи (1983) и Октомвриски одгласи (1989). НаградиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia