Доцна антика
![]() Доцна антика ― груба периодизација за периодот од н.е. помеѓу 300 - 600 година, употребена од историчарите и научниците за да се опише интервалот помеѓу Класичната Антика и Средниот Век воглавно во Европа и средоземниот свет. Тоа е временскиот период помеѓу стагнацијата на Римската Империја од 3 век н.е и натаму, губењето на нејзиниот западен дел, опстојувањето на Римската Империја со седиште во Константинопол, и почетоците на арабјанското освојување. Поимот Spätantike, буквално „Доцна антика“, бил употребен од германските историчари од моментот кога ја популаризирал Алојз Ригл во раниот 19 век[3],[4]. МакедонијаВо Македонија доцната антика го опфаќа периодот од 2 - 4 век. Во Музејот на Македонија постои доцноантичката збирка која брои вкупно 516 предмети (керамички и стаклени садови, керамички и бронзени светилки, накит, декоративна пластика). Во постојаната музејска поставка се изложени 184 предмети, карактеристични за втората значајна етапа на Римското Царство и кои претставуваат одраз на новата доцноримска култура. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia