Драган Манце
Драган Манце (Белград, 26 септември 1962 — Белград, 3 септември 1985 ) бил фудбалер на ФК Партизан. Животопис![]() Живел во Земун со татко му Фердинанд, мајка му Душанка и помладиот брат Горан. Бил неоженет. Погинал во сообраќајна несреќа на патот Белград — Нови Сад, на делот кој проаѓа преку Земун, на својата 23 година. Девојката на Драган била Емилија Ерчиќ, некогашна југословенска ракометарка. Фудбалска кариераПочнал да игра фудбал во Галеника (сегашен „ФК Земун“). Бил многу талентиран играч, така што до неполнни 17 години станал првотимец на Галеника, тогашниот второлигап. На 15 септември 1980 година се префрла во тимот ФК Партизан. Последниот гол во дресот на ФК Партизан го постигнал во првенствениот меч на Партизан - ФК Иднина на Подгорица 2:1 изигран на стадионот ЈНА, на 1 септември од пеналот во 8 минута од играта. Ќе остане запамтен како најголем идол на Гробарите. Во дресот на Фудбалска репрезентација на Југославија дебитирал на 23 април 1983 година во пријателскиот натпревар против Фудбалска репрезентација на Франција (0:4). Истата година го одиграл четвртиот натпревар за репрезентацијата, повторно против Франција на 12 ноември во Загреб (0:0). СмртМанце починал на 3 септември 1985 година во сообраќајна несреќа додека се брзал за тренинг. Денеска многу Гробари мислат дека е тој легенда на српскиот фудбал бидејќи бил најдобар стрелец и играч во историјата на ФК Партизан. По него е исто така наречена и една улица во Белград, недалеку од стадионот на Партизан. Статистика
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia