Драчево (населба)
Драчево — населба во Општина Кисела Вода, во градот Скопје. Поради неговата местоположба и физичка одвоеност од самото Скопје, населбата претставува ексклава на главниот град. Името на населбата го носи според соседното и физички споено село Драчево кое пак поради неговиот рурален статус, не влегува во Скопје. Освен населбата Драчево, и населбата Радишани е физички одвоена од Скопје, но претставува негов составен дел. Географија и местоположбаДрачево се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина на 9 километри оддалеченост (воздушна линија) од средиштето на Скопје, во југоисточен правец. Населбата е рамничарска и покрај неа минува месен пат за повеќе скопски села. Со другите делови на Скопје, Драчево е поврзано преку повеќе автобуски линии. Непосредно на запад, Драчево е расположено на десниот брег на Маркова Река. На исток и југоисток, населбата Драчево граничи со селото Драчево и обете населени места се физички споени. На северозапад, Драчево граничи со атарот на Долно Лисиче, на север граници со атарот на Горно Лисиче, Пинтија е во правец на северозапад, Батинци на југозапад. Историја![]() ![]() По разорниот Скопски земјотрес во 1963 година, со одлука на советот на тогашната Општина Драчево (со седиште во селото Драчево) бил усвоен урбанистички план во договор со Град Скопје, за изградба на приградска населба во непосредна близина на селото Драчево, во која требало да бидат вселени 3.000 семејства од Скопје кои ги загубиле своите домови во земјотресот.[2] Населбата Драчево била плански изградена со 2.100 ниски приземни монтажни бараки кои ги граделе градежни фирми од целата тогашна Југославија. На 27 декември 1963 година, населбата со бараките биле пуштени во употреба. Службеното предавање било извршено од Љупчо Арсов, претседател на ИО на Главниот одбор на ССРНМ. За потребите на населбата биле отворени уште 2 основни училишта, а било отворено и средно училиште. По постепеното враќање на Скопјани во матично Скопје, набрзо почнало да се доселува население од сите краишта на Македонија. НаселениеСпоред пописот од 2002 година, жители на Драчево по народност биле:
Општествени установиВо населбата Драчево, дејствуваат две основни училишта: ОУ „Рајко Жинзифов“ и ОУ „Кузман Шапкарев“, како и едно средно училиште - СУГС „Браќа Миладиновци“ (со насоки: гимназија, земјоделски и хортикултурни и ветеринарни смерови). Исто така во Драчево работи и детската градинка „1 Март“. Во населбата е сместена Полициската станица „Драчево“ и Поликлиниката „Драчево“. СтопанствоВо 1970 година, бил изграден пазарот. Во мај 2023 година, започнало целосното подновување на истиот пазар.[3] Со развојот на мали претпријатија и создавањетона индустриска зона, многу стопанственици отвориле свои фирми во и околу територијата на населба Драчево. Најзначаен плаза центар е Olympus Plaza - Скопје со седиште токму во населба Драчево во кој се вработени околу 3000 работници. Потоа други значајни фирми се: „Макпетрол“ и неговата бензиска станица, „Storia Cafe“, MegaSport „La Gondola“, „КАМ Маркет“, „Пицерија Коко“, „Зегин Естреја Драчево“, „Си-Ника Трејд“, „СТП Драчево“ и некои други помали фирми. Управување и администрацијаВо рамките на Општина Кисела Вода, населбата Драчево е претставувана од Урбаната заедница „Бобан Трпков“.[4] Урбаната заедница порано го носела името УЗ Населба Драчево.[5] Избирачко место
Со споената статистика за селото и населбата Драчево, на парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 10.148 жители, каде 65% од гласовите освоила Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 11% Коалицијата „За Европска Иднина“ предводена од СДСМ и 12% партијата Левица.[8] Култура и спортОд населбата Драчево е фудбалскиот клуб ССК Младинец. Неговиот домашен терен е сместен во северниот дел на населба Драчево. ЗнаменитостиВо април 2024 година, на Плоштадот на бранителите во Паркот „Драчево“, бил осветен крст висок 63 м.[9] Осветувањето било извршено од г.г. Стефан.[10] Сообраќај
Кон Драчево сообраќаат девет автобуски линии од ЈСП Скопје. Сите линии само минуваат низ или покрај Драчево, како транзит до останатите околни населени места. Тие се:[11]
Личности
Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia