Дреново се наоѓа во северозападниот дел на Општина Кавадарци, на потегот помеѓу Црна и Раечка Река, а недалеку од патот Градско-Прилеп. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Росоман.[2] Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 330 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 13 километри, додека од патот Градско-Прилеп нешто помалку од 2 километри.[2]
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3.
Селото Дреново лежи на ниска тераса на Тиквешкото Езеро, под северната падината на Вров, високо над вливот на реката Раец во Црна. Во минатото, во селото имало три чешми од изворите на Вров.[3] Денес, водоснабдувањето во селото е решено со изградбата на новиот бунар и потисниот цевовед со капацитет од 5 л/сек. Исто така, во селото постои канализација.
Селото има збиен тип, поделено седум делови помеѓу кои се наоѓа Сретсело. Маалата се нарекуваат Прво, Синановско, Црквенско, Мутовско, Џиновски, Капиџи и Пољак.[3]
Како и самата црква, селото потекнува од средниот век со зачувани староседелски родови. На почетокот на XVIII век, во селото се случило потурчување.[3]
Во минатото, во селото имало џамија, општинска зграда и дуќани.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 19,8 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 713 хектари, на шумите отпаѓаат 702,9 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 444,2 хектари.[2]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во минатото, во него работела земјоделска задруга, а денес има продавници и угостителски објекти.[2]
Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Поради Црна Река и Раец околните ниви се доста плодни. Кон Вров на северната страна од селото се наоѓаат пасишта и шуми.
За време на отоманскиот период, муслиманското население се занимавало со земјоделство, додека христијанското население се занимавало со земјоделство и со сточарство, обработувајќи свои ниви. За време на овој период, а по уништувањето на Желиште и Вариш-Дервен во селото се одржувал пазар во недела. Во селото, исто така, постоел ан и железничка станица.
Денес, селото го има зафатено миграција и голем број на семејства се доселени во Кавадарци. Сепак за време на летните месеци и викендите се враќаат во селото и го обработуваат своето земјиште. Жителите на Дреново располагаат со поголем број на крупна и ситна стока и претежно се занимаваат со земјодеслтво и сточарство.
Дреново било големо село, но по пат на емиграција на населението, преминало во средно село по големина. Така, во 1961 година броело 1.136 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 699 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Дреново живеат 648 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 508 жители, од кои 438 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин и 68 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Пецовци (2 к.) доселени се средината на XIX век од селото Грбовец; Ицовци (2 к.), доселени во средината на XIX век од прилепското село Радобил; Лаловци (1 к.), доселени во 1890 година од прилепското село Царевиќ; Цветковци (2 к.), доселени во 1911 година од селото Грбовец; Ѓоргевци (1 к.), доселени во 1913 година од прилепското село Никодин; Бечовци (2 к.), доселени во 1913 година од селото Грбовец; Мојановци-Божјаци (1 к.), доселени во 1915 година од селото Галиште.
Доселеници:Пољаковци (7 к.), доселени се на почетокот на XVIII век од Дебарско. По доселувањето на основачот на овој род, започнала исламизацијата во селото Дреново; Муаџировци (1 к.), доселени се како мухаџири во 1878 година од околината на Врање во Србија; Адемовци (8 к.), доселени во 1884 година од селото Сирково; Сулејмановци (4 к.), доселени се во 1888 година од велешкото село Долно Чичево; Арифовци (1 к.), доселени се во 1898 година од селото Сирково; Мустафовци (1 к.), доселени во 1916 година од Кавадарци.
Иселеништво
По Втората светска војна, селото бележи константно намалување на бројот на населението.
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Дреново, во која покрај селото Дреново се наоѓале селата Возарци, Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Дреново, во која влегувале селата Грбовец, Дебриште, Дреново и Драдња.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0695 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на младинскиот дом.[13]
Ило Дончев Бошев (р. 1922) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
Крсте Тодоров Бошев (р. 1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
Трајко Марков Ганчев (р. 1922) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
Ѓорѓи Неданов Голубов (р. 1920) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Единаесеттата македонска бригада[18]
Ристо Младенов Делов (р. 1908) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во месна чета[18]
Јован Петров Делев (р. 1915) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
Герасим Анев Давчев (р. 1905) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
Ванчо Димов (р. 1920) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
Јован Младенов Делов (р. 1915) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
Ѓорѓи Ризов Ѓорѓиев (р. 1921) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората, Деветтата и Единаесеттата македонска бригада[18]
Андре Петров Здравков (р. 1905) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во месна чета[18]
Валус Р. Илов (р. 1913) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во месна чета[18]
Јован Ѓелов Иванов (р. 1922) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Дванаесеттата и Третата македонска бригада[18]
Милан Андре Јовановски (р. 1920) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Дванаесеттата и Третата македонска бригада[18]
Атанас Стојан Јованов (р. 1918) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
Петре Николов Јованов (р. 1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Деветтата македонска бригада[18]
Сребре Тодов Колев (р. 1916) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Десеттата и Единаесеттата македонска бригада[18]
Владо Димитров Крстев (р. 1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Десеттата македонска бригада[18]
Костадин Марков Костадинов (р. 1914) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Десеттата македонска бригада[18]
Јованче Петров Колев (р. 1917) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Деветтата македонска бригада[18]
Милан Илов Крстевски (р. 1922) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората, Деветтата и Десеттата македонска бригада[18]
Ило Митрев Колев (р. 1910) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата бригада[18]
Петре Стојанов Крстевски (р. 1904) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Десеттата македонска бригада[18]
Лена Богева (р. 1909 ) — учесник во НОВ на Македонија
Душан Конев Лазов (р. 1923) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
Димо Петров Мицев (р. 1924) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
Ордан Стојчев Ристов (р. 1917) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Десеттата бригада[18]
Доно Темов Ристов (р. 1905) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
Илија Павлов Стојанов ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Десеттата и Единаесеттата македонска бригада[18]
Тоде Павлов Стојков (р. 1913) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата бригада[18]
Трајко Митрев Трајков (р. 1914) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
Тодор Атанасов Трајков (р. 1913) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Деветтата македонска бригада[18]
Ристо Јованов Трајчев (р. 1918) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Деветтата македонска бригада[18]
Цандо Ристов Кимов (р. 1923) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
Неделко Неделков Филипов (р. 1919) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
Стефан Соколов Филипов (р. 1916) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората и Десеттата македонска бригада[18]
Блажо Димков Филипов (р. 1918) ― македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ во Втората македонска бригада[18]
Јован Димитров (1921-1945) — македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ
Ило Ганчев Стојанов (1924-1944) — македонски револуционер, борец за слобода на Македонија, учесник во НОБ
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 7 јуни 2019.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN978-608-65143-2-7.