Државен секретар за надворешни работи на Обединетото Кралство
Државниот секретар за надворешни и комонвелтски работи (англ. Secretary of State for Foreign and Commonwealth Affairs или само Foreign Secretary, „Секретар за надворешни работи“) е шефот на дипломатијата во британската влада кој стои на чело на Министерството за надворешни работи (Foreign and Commonwealth Office, „Служба за надворешни и комонвелтски работи“) одговорен за надворешните односи со другите земји и сите работи поврзани со Комонвелтот и британските прекуморски територии, застапувајќи ги британските интереси во странство. ФункцијаФункцијата „Државен секретар за надворешни работи“ е создадена со реорганизација на владата во 1782, при што функциите Државен секретар за Северот и Државен секретар за Југот станале министерства за внатрешни и надворешни работи. Функцијата „Државен секретар за надворешни и комонвелтски работи“ настанала во 1968 г. со обедединувањето на фунциите Секретар за надворешни работи и Секретар за комонвелтски работи во едно министерство. Претходник на министерството за надворешни работи е Министерството за Индија (India Office). Секретарот за надворешни работи е член на кабинетот и функцијата се смета за една од т.н. „големи државни функции“ (Great Offices of State). Министерството се наоѓа во Вајтхол. Официјалните резиденции се Карлтонскиот Дом (1 Carlton Gardens) во Лондон и Чивнинг во Кент. Со преструктуирањето на кабинетот во 2006 г. Маргарет Бекет станала првата жена на оваа функција. Тековниот Секретар за надворешни и комонвелтски работи е Вилијам Хејг како составен дел од кабинетот на премиерот Камерон[1]. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia