Друштво на ликовните уметници на МакедонијаЗдружение на ликовните уметници на Република Македонија. Формирано во 1946 година од основоположниците на модерната македонска уметност Димитар А. Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Вангел Коџоман и Василие Поповиќ-Цицо. За прв претседател на Друштвото бил избран Никола Мартиновски. Неговата антиципација и континуитет датираат од 1929 година, кога во рамките на Вардарска бановина било формирано „Друштвото на југословенските ликовни уметници“. Во 1930 година кон него се приклучило и новото друштво „Јефимија“ кое од 1933-1941. година ја презела изложбената дејност на ДЈЛУ. На иницијатива на Друштвото е формирано и Уметничкото училиште во Скопје. Од 2019 година претседател е Филип Фидановски.[1] Друштвото работи на афирмација на ликовното творештво во Македонија, преку организирање самостојни и групни изложби на неговите членови во земјата и во странство. ДЛУМ организира и повеќе традиционални изложби, меѓу кои годишните изложби на графика и цртеж, сликарство мал формат, „Зимскиот салон“ (биенална изложба во Музејот на современата уметност) и годишна ревијална изложба во соработка со Музејот на Град Скопје. Изложбен простор на ДЛУМ е Салонот на Домот на АРМ.[2] Изложби
НаградиДЛУМ ги доделува и следниве награди:
Добиени награди
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia