Дрјановски манастир

Дрјановскиот манастир „Свети Архангел Михаил“
Поглед на манастирот
Религија
Припадностправославие
ОкругГабровска област
ВодствоВеликотрновската епархија
Година на осветување12 век
Локација
ЛокацијаБугарија Дрјаново, Бугарија
Карта
Географски координати42°57′3″N 25°25′55″E / 42.95083°N 25.43194°E / 42.95083; 25.43194
Архитектура
Завршена во19 век

Дрјановскиот манастир „Свети Архангел Михаил“ (бугарски: Дряновски манастир „Свети Архангел Михаил“) — функционален машки православен манастир во Великотрновската епархија, сместен во близината на градот Дрјаново во Северна Бугарија.

Се наоѓа на 5 километри југозападно од градот Дрјаново и на 15 километри од регионалниот центар Габрово. До него води асфалтиран пат. Го опслужува железничката станица „Бачо Киро“ на главната железничка линија Русе - Момчилград. Околината на манастирот е прогласена за природно заштитено подрачје.

Манастирот бил подигнат во 12 век, за време на Второто бугарско царство и бил посветен на Архангел Михаил. Двапати бил изгорен и ограбен за време на османлиското владеење. Манастирот бил обновен на сегашното место во 1845 година. Тоа било место на неколку тешки битки за време на Априлското востание во 1876 година.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya