Дубровничка камбанарија![]() Дубровничката камбанарија (хрватски: Gradski zvonik) — кула во Дубровник, Хрватска. Сместена на Лужанскиот плоштад на крајот од улицата Страдун, кулата е висока 31 метар.[1] Првично била изградена во 1444 година, кулата претрпела оштетувања во земјотресот во Дубровник во 1667 година[1] меѓу другите земјотреси и, откако почна да се наведнува кон Страдун на почетокот на 19 век, кулата била урната во 1928 година[2] и целосно обновена според оригиналниот дизајн во 1929.[1] Повторно била оштетена во земјотресот во Црна Гора во 1979 година, а обновена во 1987-1988 година.[3] Бронзеното ѕвоно било излеано од Иван Рабљанин во 1506 година.[4] Двете бронзени автоматизирани статуетки кои удираат во камбаната се познати како Маро и Баро, или Зеленци (зелените), поради нивната зелена патина. Денешните Зеленци се реплики поставени во обновената кула во 1929 година. Оригиналните Зеленци од околу 1478 година сега се изложени во Културно историскиот музеј во Кнежевиот двор.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia