Дулајски јазици
Дулајските јазици се подруга на кушитските јазици од групата на афроазиски јазици. Јазиците се зборуваат во Етиопија, во Регионот на јужните нации, народности и народи. Овие јазици сочинуваат дијалектен континуум, што значи еден со друг се многу слични. КласификацијаПоради тоа има и разлики при нивната внатрешна класификација. Со поголема сигурност утврдено е дека оваа група е составена од алејскиот и цамајскиот јазик. Разлики во однос на класификацијата постојат кај останатите дијалекти или јазици. Така на пример, според Бленч[1] јазичните варијанти кои некои ги сметаат за дијалекти, тој ги класифицира како независни јазици, односно: добасејски јазик (дијалект на алејскиот), дихинански јазик (дијалект на алејскиот), габански јазик (дијалект на алејскиот), гергерејски јазик (дијалект на алејскиот), голангоански јазик (дијалект на алејскиот), горосејски јазик (дијалект на алејскиот) и харсоански јазик (дијалект на алејскиот). Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia