Духовно-витешки редДуховно-витешки ред или воен ред — организација на витези создадена за време на крстоносните војни во XI–XIII век под раководство на Католичката црква главно за управување на границите на христијанскиот свет, заштита на аџиите по патот кон Светата Земја, како и крстоносни војни и други кампањи против исламот во Светата Земја, во Шпанија или Турција, против паганите во Литванија, Естонија, Прусија, против еретиците (Албигојци, Хусити), по реформацијата, понекогаш против протестантството. Последователно, редовите би можеле да станат световни.[1] Духовно-витешките редови ги вклучуваат редовите на Болничарите, Храмовниците, Редот на Свети Лазар Ерусалимски, Витлеемскиот ред, Тевтонскиот ред, Редот на Алкантара, Редот на Калатрава. ЧленовиКако монаси, членовите на духовно-витешките редови земале завети (на воздржување, послушност, сиромаштија); како феудални витези, тие носеле оружје и учествувале во завојувачки походи. Младите приврзаници биле наречени „неофити“. Неофитот морал да се подложи на задолжителен обред на посветување. Некои од духовно-витешките редови
Библиографија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia