Душан НиколовскиДушан Николовски (Јурумлери, 27 мај 1947) ― македонски рударски инженер, професор и поранешен пратеник во Собранието на Македонија. ЖивотописНиколовски е роден е во скопското село Јурумлери на 27 мај 1947. Во 1969 година се запишал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, на отсек подземна експлоатација и истиот го завршил во 1974 година. Потоа запишал последипломски студии и се здобил со титула магистер во 1992 година, при Рударско-геолошкиот факултет во Белград. По извесен период се запишал на докторски студии на истиот факултет и во 1998 година станал доктор на технички науки. Во своето професионално и доброволно работно искуство, тој се одликувал како инженер за производство во јама, раководител за производство во јама, раководител на техничка подготовка,претседател на Сојузот на инженерите и техничарите во Пробиштип, член на Работничкиот совет на рудниците „Злетово“, претседател на Извршниот одбор на рудниците „Злетово“, член на Собрание на Стопанска комора на Македонија, делегат на Собрание на Стопанска комора на Југославија, член на Извршен одбор на Здружена банка – Скопје, претседавач на Собрание на Стопанска банка – Штип, претседател на Здружението за олово, цинк и преработка на Југославија, генерален директор на рудници „Злетово“ во два мандата, ВД генерален директор на РМХК „Злетово-Саса“ – Скопје, член на Комитетот за подземна експлоатација, член на Комитетот за рударски мерења на Југославија, член на Комитетот за математичко моделирање на Југославија, делегат на Светскиот рударски конгрес во Југославија и Кина. Избиран е и како виш научен советник во научна установа Рударски институт –Скопје, доцент на Рударско-геолошкиот факултет - Штип (вонреден ангажман), директор и главен и одговорен уредник на ревијата „Македонско рударство и геологија“, генерален директор на АД Фабрика за наменско производство „Сувенир“ – Самоков и член на Управен комитет и член на технички комитет - Проект: Струја за развој на капацитети за управување со загадување на почвите поврзано со рударството во Република Македонија. Бил и пратеник во македонското собрание во два наврата и тоа од периодот од 1991 до 1994[1] година и 1994 до 1998[1] како претставник на СДСМ. Моментално е доцент во приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе[2]. Женет е и е татко на едно дете. Живее во Пробиштип. БиблиографијаВо делот на издавачката дејност, тој има објавени реферати во стручните списанија во поранешна Југославија „Минирање“ и „Техника“ и во повеќе зборници на трудови, учесник на повеќе советувања, симпозиуми и конгреси од областа на рударството:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia