Европска агенција за лекови
ЕМА била основана во 1995 во обид да се хармонизира (но не да се замени) работата на веќе постоечките национални регулаторни тела. Целта била не само да се намалат годишните трошоци од €350 милиони на фармацевтските компании за добивање на одобренија за ставање на лекови во промет во различни земји-членки, но и да се елиминира протекционизмот на суверените држави кои не сакаат да одобрат нови лекови кои се потенцијални конкуренти на веќе постоечките произведени во домашните фармацевтски компании. Седиштето на ЕМА е во Лондон, но со излегувањето на Обединетото Кралство од Унијата тоа ќе биде преместено во Амстердам. |
Portal di Ensiklopedia Dunia