Европска заедница за атомска енергија
Европската заедница за атомска енергија (ЕАЕЦ или ЕВРОАТОМ) е меѓународна организација која правно се разликува од Европската Унија (ЕУ), но ги има истите земји-членки и е управувана од институциите на ЕУ. Основана е на 25 март 1957 година, заедно со Европската економска заедница (ЕЕЗ), со договорот од Рим, кој е преземен од страна на институциите на извршната власт на ЕЕЗ во 1967 година. Иако во 1993 и 2009 година другите заедници се споија, правната природа на јадрената програма се разликуваше од Европската Унија. ИсторијаЗа да се опфатат другите извори на енергија, Заедничкото собрание предложи проширување на овластувањата на Европската заедница за јаглен и челик. Меѓутоа, Жан Моне, кој е инженер (по занимање) и претседател на ЕЗЈЧ, посакуваше посебна заедница за да се опфати јадрената енергија. Луј Арман беше задолжен за проучување на можностите за користење јадрена енергија во Европа и во својот извештај дојде до заклучок дека е потребен дополнителен развој на јадрена енергија за да се пополни дефицитот, кој беше последица на исцрпувањето на депозитите на јаглен и да се намали зависноста од проиводителите на нафта. Меѓутоа земјите на Бенелукс и Германија исто така сакаа да создадат општ заеднички пазар, иако на ова се противеше Франција поради нејзиниот протекционизам и Жан Моне сметаше дека тоа е премногу голема и тешка задача. На крајот, Моне за да ги помири двете групи го предложи создавањето на посебна заедница за атомска енергија и посебна економска заедница. Во 1956 година, меѓувладината конференција на заедничкиот пазар и ЕВРОАТОМ во Вал Душес (Val Duchesse) ги изготвија суштинските елементи на новите договори. ЕВРОАТОМ ја унапреди соработката во областа на јадрената енергија, во тоа време многу популарна област, и заедно со ЕЕЗ имаа исто Заедничко собрание и Суд за правда со ЕЗЈЧ, но не и истите органи на извршната власт на ЕЗЈЧ. ЕВРОАТОМ имаше своја комисија, со помали овластувања од Високиот орган на ЕЗЈЧ, и Совет. На 25 март 1957 година, земјите-членки на ЕЗЈЧ ги потпишаа Римските договори и тие стапија во сила на 1 јануари 1958 година. За да се заштеди на ресурси ,во 1956 година со Договорот за спојување се соединија посебните органи на извршната власт создадени со Римските договори. Институциите на ЕЗЈЧ ги преземаа одговорностите за водењето на ЕЕЗ и ЕВРОАТОМ,со што сите три потоа станаа познати како Европски заедници и покрај тоа што секоја од нив од правен аспект опстојувше посебно. Во 1993 година со договорот од Мастрихт се создаде Европската Унија, со што Заедниците беа обединети во првиот столб-Европска заедница, но и покрај тоа ЕВРОАТОМ сè уште опстојува како посебен правен субјект и договорот останува во сила релативно неизменет од неговото првично потпишување. Целта на Европскиот устав беше да ги соедини сите претходни договори и да ја зголеми демократската одговорност во нив. ЕВРОАТОМ не беше изменет на ист начин како и другите договори ,па според тоа неколку негови овластувања му се доделија на Европскиот парламент. Меѓутоа, причината поради која тој не беше изменет беше истата поради која Уставот се разликува од оној на другите земји-членки на ЕУ: Европското избирачко тело беше против користење јадрено оружје кое може неосновано да ги сврти гласачите против договорот.
Цели и достигнувањаЦелите на ЕВРОАТОМ се да создаде специјализиран пазар за јадрена енергија и да се дистрибуира преку Заедницата, како и да развива јадрена енергија и суфицитот да го продава на земјите кои не се дел од Заедницата. Во моментот, негов голем проект е учеството во меѓународниот реактор за соединување ИТЕР (Меѓународниот термојадрен експериментален реактор) кој е финансиран во рамките на делот за јадрена енергија ФП7 (Седма рамковна програма за истражување и технолошки развој). ЕВРОАТОМ исто така обезбедува механизам за обезбедување кредити за финансирање на јадрени проекти во ЕУ. Во историјата на европската регулатива во Член 37 од договорот за ЕВРОАТОМ, за првпат е претставено законодавство во однос на поврзувањето на прекуграничните обврски во поглед на влијанието на животната средина и заштита на луѓето. Претседатели на ЕВРОАТОМПетчлената комисија беше предводена само од три претседатели и имаше независни органи на извршната власт (1958-1967), сите од Франција. |
Portal di Ensiklopedia Dunia