Европско првенство во водени спортовиЕвропското првенство во водени спортови е раководено од страна на Европската пливачка федерација (ЛЕН), раководното тело за водени спортови во Европа. Од 1999, првенството содржи четири пливачки дисциплини: пливање (долг курс/50м базен), скокови во вода, синхронизирано пливање и далечинско пливање. Од 2000, првенството се одржува на секои две парни години. Првенствата генерално се одржуваат во период од две недели во средината или кон крајот на летото; а во годините кога се одржуваат Олимписките игри се одржуваат на пролет. Пливачкиот дел од првенствата се смета како еден од првите пливачки натпреварувања во светот. Белешка: ЛЕН исто така одржува Европско првенство во 25 метарски базени, кое е посебно и е одвоено (типично се одржува кон почетокот на декември). ЛокацииПрвото Европско првенство во водени спортови било одржано во 1926 година, и вклучувало ватерполо сè до 1999 година кога ватерполото се одвоило и почнало да се одржува Европско првенство во ватерполо. Од 1999 година, Светските првенства се одржуваат во непарните години, а Европските првенства во парните години. Жените за првпат добиле можност да се натпреваруваат во 1927 година.[1] Табела на медали (1926–2012)
Белешка: Табелата ги вклучува медалите освоени во пливање (од 1926), скокови во вода (од 1926), синхронизирано пливање (од 1974), далечинско пливање (од 1993) и ватерполо од 1926 сè до 1997 година. Од 1999 ватерполото се одвоило од Европското првенство и бил создаден самостоен турнир, т.н. Европско првенство во ватерполо. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia