На 18 декември2011 година, ФИБА Европа одлучила Украина да го добие правото да биде домаќин на првенството, откако Франција, Хрватска, Германија и Италија ги повлекле нивните понуди.[1] На 19 март2014 година, организаторот на турнирот Маркијан Лубкивски најавил дека „Евробаскетот 2015“ нема да се одржи Украина поради финансиската и политичка криза и дека првенството ќе биде преместено.[2][3] Но подоцна, ФИБА Европа била принудена да ги негира изјавите дека Украина се откажала од правото на домаќин за „Евробаскет 2015“.[4] На 13 јуни2014 година, ФИБА Европа официјално најавила дека Украина нема да биде домаќин на првенството.[5] Шеснаесет земји го изразиле почетниот интерес за преместениот настан. Националните федерации биле повикани од ФИБА Европа да дадат официјална понуда за домаќин на првенството или дел од турнирот до 31 јули2014 година. Веднаш по рокот, ФИБА Европа ги најавила осумте официјалните понуди од можните организатори:[6]
Сите заинтересирани федерации им било обезбеден избор да понудат или една од групите во групната Фаза на турнирот, една од групите и завршницата, или само Нокаут Фазата или целиот турнир. ФИБА Европа официјално ќе ги најави деталите за понудите по 27 август2014 година.[6] ФИБА одлучила дека „Евробаскетот 2015“ ќе се игра во четири земји: Франција, Германија, Хрватска и Латвија, а завршниот дел (нокаут фазата) во Франција.
↑FIBA Europe.com (1-09-2013). „Estona book flight to Ukraine“. Посетено на 2-09-2013. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)