Егзибиционизам![]() Егзибиционизам е повратна или постојана тенденција гениталиите да се покажуваат на непознати лица (обично од спротивен пол) или на луѓе на јавни места, без да се повикуваат или со нив да се има намера за поблизок допир. Обично има, но не и постојано сексуално возбудување во време на изложувањето, а актот обично е проследен со онанија. Симптоми и манифестацијаПокажување на голи делови од телото (коишто обично се покриени со облека) пред други луѓе. Такви делови најчесто се женските гради, гениталиите (пенисот, вагината) и задните делови на двата пола. Најчесто екзибиционистите се мажи коишто проследуваат жени или девојки што минуваат, си го покажуваат половиот орган (обично во ерекција) и потоа бегаат од местото. Понекогаш мастурбираат пред жртвата. ДијагностицирањеБолеста се дијагностицира лесно. Најчесто повеќето луѓе доаѓаат до лекување поради судска одлука. Некои се мотивирани од страв за откривање од семејството или колегите, и мал број бараат лекување бидејќи нивната жена или девојка е вознемирена од растројството. Емоционалниот став према болеста варира, некои изјавуваат дека единствениот проблем што го имаат со егзибиционизмот е неприфаќањето од општеството, други осеќаат силна вина и анксиозност. Егзибиционизмот многу често е во коморбидитет со други парафилии. Тоа може да значи, пациент што се лекува од егзибиционизам многу е веројатно да се пренасочи во други форми на девијантвно сексуално однесување и да страда од депресија, анксиозност или злоупотреба со супстанции. Освен тоа, многу пациенти со парафилии не соработуваат со лекарите, поради што лекарите можат да пропуштат многу лесно друга придружна болест. Дијагностицирањето на егзибиционизам се разликува од стандардните процедури при дијагностицирање на повеќето ментални растројства. Процесот ги вклучува следните компоненти:
ИзворПортал за мозокот Архивирано на 5 декември 2020 г. |
Portal di Ensiklopedia Dunia