Египетски јазик
Египетски јазик — античкиот староседелски јазик на Египет кој е дел од групата на афроазиски јазици. Првите запишани мисли и зборови на египетски јазик датираат уште од 3400 п.н.е.[1] што го прави еден од најстарите познати запишани јазици. Египетскиот јазик бил зборуван до 17 век во новоразвиената форма наречена коптички јазик. Денешниот национален јазик на Египет е египетски арапски јазик, кој постепено со текот на времето го заменил коптичкиот јазик во секојдневната употреба. Таа замена започнала со муслиманското освојување на Египет. Коптичкиот јазик и денес се користи, но како литургиски јазик во Коптичката црква. Овој јазик активно го зборува многу мал број на население, скоро сите зборуваат египетски арапски јазик.[2] ПериодизацијаЈазичарите и научниците го делат, или го подредуваат јазикот хронолошки на 6 различни периоди, и тоа:[3]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia