Едамер

Едамер

Земја на потекло Холандија
Регион, град Едам
Тип на млеко најчесто кравјо
Пастеризирано традиционално не
Состав полутврдо сирење
Созревање 6 до 8 недели
Потврда ЗП


Едамер (холандски: edammer) — полутврдо сирење кое традиционално се продава во топчести пити со бледожолта внатрешност и завиткани во жолти или црвени парафински обвивки.

Историја

Името доаѓа од градот Едам во покраината Северна Холандија. Едамерот зрее и се транспортира добро, не се расипува — само се стврднува. Овие квалитети (меѓу другите) го направиле најпопуларно светско сирење во периодот од XIV до XVIII век.

Особини

Повеќето „млади“ едамер сирења кои се продаваат во малопродажба имаат благ вкус, малку се солени, имаат вкус на лешник и лесен мирис споредено со другите сирења. Како што сирењето старее, неговиот вкус се заострува и станува појак. Содржи значително помалку маснотии во однос на другите традиционални сирења – околу 28% маснотии. Модерниот едамер е помек во однос на другите сирења заради тоа што содржи малку маснотии.

Производство

Иако традиционално едамерот се произведува од необработено млеко, денес на пазарот се наоѓа само фабрички произведен едамер од пастеризирано млеко.Се обликува во топки и се остава да зрее. Сирењето зрее шест до осум недели.

Гастрономија

Едамерот добро оди со некои овошја како: праски, дињи, кајсии и цреши. Узреаниот едамер се јаде со традиционалните „сирни овошја“ како круши и јаболка. Како и повеќето сирења добро оди со крекери и леб. Со ова сирење се препорачува црвено вино, на пример пино ноар.

Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya